Две плати за седумдневен одмор на море

КОЛКУ ПОВЕЌЕ СЕ ПРОДЛАБОЧУВА СЕОПШТАТА КРИЗА ВО ЕВРОПА, ТОЛКУ ПОБРЗО РАСТЕ СИРОМАШТИЈАТА НА НАСЕЛЕНИЕТО, КОЈА СЕ ОГЛЕДА И ВО МОЖНОСТА ЗА ЛЕТУВАЊЕ. МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО ТРЕБА ДА ИЗДВОИ ДВЕ ПЛАТИ ЗА СЕДУМДНЕВЕН СКРОМЕН ОДМОР НА МОРЕ.

И можноста за летување станува аргумент на аналитичарите кој зборува за порастот на сиромаштијата на европско ниво. Имено, според истражувањето на Европското здружение на синдикати кое брои 45 милиони члена во 38 земји во Европа, околу 35 милиони Европејци немаат пари да си дозволат ниту една недела летување. Ако тој однос е таков кај развиените земји, тогаш каков е во Македонија, каде платите се движат од 250 до 35о евра?

 Одморот ниту е, ниту смее да биде луксуз, туку потреба на секој човек. За жал таа потреба не можат да си ја овозможат ниту ¾ од европејците.  

Во таквите анализи, нелогично е што и една туристичка Грција, каде 88,9 насто од граѓаните со ниски примања не можат да си дозволат летување, или Хрватска со 84,7% и Кипар со 79,2%.

Веројатно сиромашните граѓани во овие држави сепак можат барем малку да видат море, кај роднините.

За нашите граѓани, најефтиниот одмор на море, може да се организира во летувалиштата во Црна Гора, Албанија и Бугарија, кои се оддалечени над 600 километри, каде со сурово штедење може да се поминат 5-6 дена со 500 до 600 евра, со сите трошоци. Грција е поблиска, но и поскапа, па и таму се потребни две плати за седум дневно летување на море.

Сподели: