„Просветните видеа“ биле за пари
Кочанската, но и пошироката јавност, со нетрпение очекува што се ќе открие истрагата околу порнографијата објавена на социјалните мрежи, на која додатна тежина и даваат актерите и образовната установа, од каде се произлезени. Веројатно многу брзо ќе се дознае кои се главните играчи, а кои нивни „жртви“. Како и да е, првичните резултати посочуваат дека во прашање е похлепност за пари.
Таквиот епилог го најавуваат објавените извештаи на полицијата по првичните активности за расветлување на секс скандалот. На 06.08.2021, полициски службеници од ОВР Кочани, во кооординација со Јавен обвинител, во полициска станица е повикана Н.Н.(26) од с.Соколарци, кочанско, во врска со ширење на видео материјал со недолична содржина, односно поради сомнение за сторено кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 и „посредување во вршење проституција“ по член 191 од Кривичниот законик.
Во присуство на адвокат со неа е извршен службен разговор, при што Н.Н. изјавила дека видеозаписите биле направени со намера да бидат испратени преку „Фејсбук“ на друго лице, за што на неа требало да ù бидат исплатени пари. По целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.