Кој ги подели, кој ги доби ваучерите за одмор ?
Дали од 1250 ваучери од по 250 евра, за летување на државна сметка, навистина 701 завршиле кај граѓани на Чаир и Сарај, како што е објавено под псевдонимот „Шефот“, ќе остане тајна се додека не се огласи некој од надлежните. Меѓутоа, фактот дека таквите бројки кои ги револтираат граѓаните, особено на Истокот, и по неколку дена никој не ги демантира, јасно кажува дека веројатно не се работи за лажна вест. Уште почудно е што никој не коментира кои скопски општини и граѓани ги добиле преостанатите 550 ваучери, до 1250. Ако не се преку „ДУИ Травел“, преку која друга партиска агенција ?
Порталот Република, пак, објавува дека во државата вкупно 3.052 лица се добитници на ваучерите од по 12.000 денари, за летување.
Во изминатите денови, по обелоденувањето на списокот, следуваа бурни реакции на социјалните мрежи на граѓаните ширум државата. Чудно е што на пример, во првите 500 добитници на ваучерите, од Кочани има само двајца, а од Виница еден. Од Чешиново-Облешево и од Зрновци, ниту еден. Но затоа ги има во голем број од општините од побогатиот западен дел на државата.