При две газдарици-Пониква килава

Иако на Пониква денеска температурата се движеше околу 25 Целзиусови степени, а во градот околу 40, просторот во спортско-рекреативниот центар изгледаше празно и пусто. Само во угостителските објакти одредена посетеност, главно со гости од Скопје, Куманово и други градови.

-Првпат сме на Пониква, вели Дијана од Велес, ама не сме воодушевени. Напротив, повеќе разочарани. Кога се симнавме на паркингот, прашавме каде може да прошетаме, пред да седнеме во некој од рестораните, за кои знаеме од интернет. Една постара жена ни рече, нема каде. Може кон Манастирот, ама по асфалт. Тргнавме кон Мотелот „Кај Мице“, по црн пат, ама чевлите ни побелеа од неподнослива прашина.  Помина една кола крена уште поголеми облаци, па се вративме. Кај еден угостителски објект, на стотина метри од овде прскаа со вода на патот за да ги спасат гостите од прашината од возилата. Затоа, навистина немаме избор, се враќаме и попатно некаде ќе правиме ручек. Жал ми е ама Пониква навистина ништо не нуди. Особено лете. Не знам како е во зима. Не е само да дојдеш со кола и да седнеш да ручаш.

Како и со се друго, така и со Пониква, при две општини газдарици, локалитетот килав. Ниту Пробиштип прави нешто, освен што издава дозволи за неконтролирана изградба на викендици и други објекти, ниту Кочани дејствува поразлично.

Сподели: