Ненормални закони во (не)нормална држава

Телевизиите низ државата, веројатно и другите медиуми, денеска добија допис од АВМУ, на барање на Владата за емитување кампањи за вакцинација на населението и за борба против корупцијата. Емитувањето да биде бесплатно. Значи, медиумите да ја спасуваат државата и со вакцинацијата и со корупцијата.

Тоа е истата таа влада и истата таа држава, кои пред три години го донесоа Законот за нефинансирање на медиумите и во него членот 102, со што ги доведоа во финансиски ќор сокак и пред згаснување. Истите тие што три години никако не можат да најдат начин да го променат членот или едноставно да го тргнат. Ете им ги сега ЗНМ, ССНМ и другите „советници“ тие нека им ги емитуваат спотовите.

Насфатливо е, дури и ненормално, како сето тоа го гледаат надлежните во ресорните министерства и премолчено го одобруваат, иако знаат каква штета им прават на медиумите, а преку нив и на новинарите и воопшто на медиумските работници. Несфатливо е како зад тој Закон се кријат и дел од градоначалниците, на кои уво не им чуе што пропаѓа еден од најзначајните сегменти на демократијата, бидејќи тие се ненадлежни!

Сподели: