Објавен распоредот за тестирањето на реонски попишувачи на 27 август

Комисијата за Пописниот реон 13 ги известува кандидатите кои се пријавиле на јавниот конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во периодот од 19 до 25 август 2021 г.,како и кандидатите кои претходно уредно се пријавиле на конкурсот, но не се јавиле на закажаните термини за тестирање, дека тестирањетоќе се спроведе во училници на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, на 27 август 2021 година.

Пријавените кандидати за Пописниот реон 13  ќе се тестираат во четири групи, сите со почеток во 9 ч.

Тестирањето ќе се спроведува според протокол за примена на превентивни мерки со задолжително носење заштитна маска (КН95) за цело време на тестирањето; одржување растојание од 1,5 до 2 м; задолжително дезинфицирање на рацете при влез и излез и задолжително мерење на температура. На лице со измерена температура од 37,2 степени Целзиусови нема да му се дозволува влез во училницата.

Кандидатите што ги немат испратено потребните документи во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, можат да ги достават на денот на закажаното тестирање во затворен плик во просториите каде што ќе се врши тестирањето и да ги предадат на присутниот државниот инструктор или  на членот на Комисијата за Пописен реон 13.

Кандидатите треба да дојдат на денот на тестирање 15минути порано од предвиденото време за почеток на тестирањето, заради преземање на мерките за здравствена заштита.

Целосниот распоред по групи е објавен на веб-страницата на Општина Кочани.

Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од три дена по тестирањето, а списокот на избраните кандидати ќе биде објавен на веб-страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk.

Сподели: