В недела летна слава на Св. Василиј Велики

ГОДИНАВА ЛЕТНАТА СЛАВА НА СВ. ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ НА ПОНИКВА ЌЕ СЕ ОДРЖИ САМО КОЛКУ ДА СЕ ПРОДОЛЖИ ТРАДИЦИЈАТА НА МАНАСТИРОТ, ШТО Е ВО СКЛАД СО ВАЖЕЧКИТЕ МЕРКИ И ПРОТОКОЛИ НА ВЛАДАТА НА РСМ. ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО ВООБИЧАЕНО Е ПРВАТА НЕДЕЛА ПО ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК, УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА.

Максимално рестриктивно, во согласност со Ковид мерките и протоколите, в недела ќе се одбележи летната слава на Манастирот Св. Василиј Велики на Пониква, Осоговски Планини. Одбележувањето кое секоја година се одржува првата недела по Успение на Пресвета Богородица, ќе биде скромно, само колку да се одржи традицијата на Манастирот, кој е лоциран на 1640 метри надморска височина, во рамките на Спортско-рекреативниот центар „Пониква“.

Овој Манастир зазема значајно место во црковниот, воедно и во планинскиот туризам на Пониква, каде е посетуван преку цела година, првенствено од многубројни верници од градовите и населените места низ државата. На празникот Василица, се организира голем народен собор, со празничните литургии со кои главно чиноначалствува Владиката Иларион, а кумовите од Кочани, Скопје и други градови, организираат ручек за здравје на сите верници.

Сподели: