Нешто заудара од ГФК „Осогово“ ?
Убаво деновиве прозва Комисијата за спорт на СДСМ за состојбите со ГФК „Осогово“, и уште поубаво одговори новото раководство на клубот, ама работите во „гордоста“ на кочанскиот спорт како од поодамна да се трули. Толку трули, што заудараат …
Три-четири години Комисијата молчеше за состојбите во Осогово, кое за цело време трошеше пари на граѓаните.Молчеше и на начинот на кој беше извршена промената на раководството, на Собрание за кое никој ниту слушнал, ниту видел. Ниту постои некаков траг, видео снимка, фотографиија.
Во меѓувреме задкулисно се ширеа коментари дека клубот при промената на раководството бил должен над милион денари. Дека ги немало овие и оние пари, ама во јавноста ништо официјално.
Поискусните спортски работници велат, така е кога нема „газда“ во градот, кој ќе води сметка колку и за што се трошат парите на граѓаните. И до сега, и сега. Затоа мудрите рекле, лесно се трошат туѓите пари …