Фелата „гори“ градоначалникот „се чешла“

Што шема му скрои локалната власт на локалното новинарство во Кочани, медиумските работници и граѓаните да не знаат што ги снашло.

Водечка телевизиска новинарка, со квалитети на високо професионално ниво, не можејќи повеќе да работи за 200 евра месечно, мораше спас од беспарицата да бара во малку по несиромашното школство – замина за учителка.

Еден од малкуте сниматели, монтажери и уредувачи на програма, со факултетска диплома – егзистенцијата ја побара на бензинска пумпа.

Сопственик и еден од врвните локални новинари на електронски медиум, покрај што е пишувач и читач на прилози и вести, меркетинг менаџер, и уредувач на програмата, принуден е подолг период се занимава и со анкетирање граѓани, исклучиво поради егзистенцијални причини.

Привремен сопственик на медиум, управител, уредник, новинар и монтажер, истовремено е и дописник на информативна агенција, пак заради егзистенција.

И додека медиумите се повеќе тонат, градоначалникот упорно тумачи закони.

Сподели: