ИО на СДСМ: Илијев е кандидат за Кочани
Како што пренесува регионалната ТВ Стар, синоќа било потврдено дека кандидат за градоначалник на СДСМ за Општина Кочани е Николчо Илијев. Според информации од партиски извори, Извршниот одбор на синоќешната седница ги потврдил кандидатурите на Илијев и на градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменковска. Со тоа е одстранета неизвесноста која требашеда ги држи граѓаните во неизвесност се до 8-ми септември, за кога беше најавено официјализирање на неговата кандидатура. Сега празничната промоција практично ќе биде формализирање на донесената одлука, бидејќи граѓаните во суштина се информирани кој, заедно со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Папазов, ќе го трча изборниот круг на 17. Октомври, и ќе се бори за довербата на граѓаните на Општина Кочани.
Инаку, Илијев во рамките на почетокот на учебната година, денеска имаше средба со дел од локалните новинари во Кочани, меѓутоа не ја соопшти таквата одлука на УО на СДСМ.