СДСМ соопшти: Николчо Илијев е кандидатот за Кочани

Денеска конечно СДСМ го соопшти тоа што сите во Кочани го знаеја и очекуваа. Актуелниот градоначалник, „Николчо Илиев, ќе се бори за втор мандат како кандидат на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.“.

Кандидатурата СДСМ ја аргументираше со – „Со бројните реализирани проекти, со големата поддршка од граѓаните и членството, Илиев е најдобрата понуда за Кочани и за следните четири години. Кочани мора да продолжи да се развива и напредува, а тоа е возможно само со Илиев и СДСМ на чело на општината“.

Во меѓувреме, ден-два пред официјализирањето, Илијев, а не Илиев, ја активираше својата фејсбук предизборна страница, преку која започна да комуницира со граѓаните, споделувајќи ги своите активности.

После се, на јавноста ќе и остане нејасно што се сакаше да се постигне со одолговлекувањето со кандидатурата на Илијев, особено порадил „големата поддршка на граѓаните и членството“. Дали објавата, но неочекувано без промоција, надвор од пакетите на СДСМ, е сплет на околности, или некаква стратегија? Дотолку повеќе што „специјалното“ изостана.

Како и да е, отворени дилеми има, но кампањата е долга, па ќе има доволно време за политички и новинарски анализи, одговори на чудни пресврти, и на редица суштински прашања од исклучително значење за граѓаните.

Сподели: