Концесионерот „Текстил“ се откажал од двете ловишта во Општина Кочани ?

Сепак концесионерот „Текстил“ од Скопје ја заврши својата ловостопанска авантура во Кочани. Имено, поради противзаконски дејствија во работењето и сослушани поголем број сведоци, ловци, членови на Здружението, врз основа на што е поднесена кривична пријава, сопственикот се повлекол, односно откажал од организирање на ловната сезона. Тоа значи дека за претстојната сезона во двете ловишта кои се простираат во полскиот и во ридско планинскиот дел нема да се издаваат дозволи и нема да се лови. Засега е нејасно кој ќе се грижи за дивечот во ловиштата, бидејќи логично е дека нема да има ловочуварска служба.

Од друга страна, голем број досегашни членови на друштвото се принудени да се зачленуваат во други здруженија во регионот. Првенствено во Подружницата „Осогово“ на ЈП Македонски шуми“, каде членарината чини 3000 денари за ловната сезона. И во ловните здруженја во Виница и Пробиштип  укажуваат на зголемен интерес од кочанските ловци за зачленување.

Инаку, информациите од терените велат дека бројноста на дивите свињи во ловиштата е мошне поволна, и дека мигрирале повеќе во полските делови, во потрага по храна и вода. Тоа го докажуваат и информациите за направени штети од овој дивеч, кој знае да уништи цели ниви со пченка, житарици и лозови насади.

Сподели: