Познати кандидатите за градоначалници и за советнии

ОПШТИНСКИТЕ ИЗБОРНИ КОМИСИИ ГИ ДЕФИНИРАА УЧЕСНИЦИТЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ЗА СОВЕТНИЦИ ВО ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ. ВО ЧЕТИРИТЕ ОПШТИНИ ВО РЕГИОНОТ ВО ТРКАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА ЌЕ УЧЕСТВУВААТ ВКУПНО ДЕВЕТ КАНДИДАТИ, А ЗА СОВЕТНИЦИ ЌЕ СЕ БОРАТ 19 ПАРТИСКИ И НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ.

На 11 септември, на полноќ, заврши рокот за пријавување кандидатски листи за советници и за кандидати за градоначалници. Независните и партиите го чекаа последниот момент за да ги достават до Општинските изборни комисии кандидатурите, кои вчера и денеска ја исконтролираа нивната исправност и веќе ги издаваат решенијата со кои го потврдуваат учеството во изборната трка.

Во Општина Кочани кандидатурите за градоначалник се сведоа на Љупчо Папазов од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и Николчо Илијев од коалицијана на СДСМ. Познати се и независните и партиските советнички листи кои ќе учествуваат во трката за мандати.

И во Општина Виница битката за градоначалничката фотеља ќе се води помеѓу двајца кандидати, Ивица Димитров од коалицијата предводена од СДСМ, и Миле Петков од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. А за советнички мандати, покрај двата блока, ќе се бори една независната листа и две помали политички партии.

Во Општина Зрновци двајца кандидати ќе учествуваат во трката за градоначалник. Борче Коцев од ВМРО-ДПМНЕ, и Виктор Ангелов од СДСМ. За влез во општинскиот совет ќе се борат четири листи, една независна, ЛДП и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

И во Чешиново Облешево тројца кандидати претендираат за градоначалничката функција, Дарко Стефанов од ЛДП и ДОМ, Горанчо Крстев од СДСМ и Далибор Ангелов од ВМРО-ДПМНЕ. А за деветте советнички места во Општинскиот совет ќе се борат кандидати од пет листи, четири на политички партии и една независна.

Предизборната кампања започнува на 27 септември и ќе трае до 15-ти октомври на полноќ, кога стапува во сила предизборниот молк. Во меѓувреме ќе биде извршено жребување кои кандидати и листи кои места ќе ги добијат на гласачките ливчиња.

Сподели: