Обука за африканска чума кај дивите свињи
ЛЗ „БЕЛ КАМЕН“ ДЕНЕСКА БЕШЕ ДОМАЌИН НА РЕГИОНАЛНАТА ОБУКА НА УПРАВИТЕЛИ НА ЛОВИШТА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО АФРИКАНСКАТА ЧУМА КАЈ ДИВИТЕ СВИЊИ. НА СТРУЧНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА УЧЕСТВУВАШЕ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛФМ, ВЛАТКО АЛЕКСОВСКИ, КОЈ ЗБОРУВАШЕ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ОВОЈ ПРОЕКТ, ПРЕД СЕ ОД НАВРЕМЕНО ОТКРИВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНА ПОЈАВА НА БОЛЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ДРЖАВАТА.
Денеска во просториите на ЛЗ „Бел Камен“ Виница се одржа стручна презентација на тема: „Африканска свинска чума, подготвеност за итни случаи на Балканот“, на која присуствуваа претставници на Ловечките здруженија од Кочани, Берово, Делчево, Македонска Каменица, Пехчево и Виница. На презентацијата учествуваше и Претседателот на Ловечката федерација на Македонија, Влатко Алексовски
Изјава …
Со презентацијата пред менаџерите на здруженијата, кои треба своите знаења да ги пренесат на ловците, треба да се зголеми нивната едуцираност за болеста Африканска свинска чума, со цел постигнување превентивни ефекти.
Овој значаен проект за ловството во Македонија е поддржан од Регионалната канцеларија на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации – ФАО, а обуките ги организира Ловечката федерација на Македонија.