Папазов и Илијев се за фер кампања

ВО РАМКИТЕ НА ПРЕДИЗБОРНИТЕ АКТИВНОСТИ И ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ НА 17 ОКТОМВРИ, ОПШТИНСКИТЕ ИЗБОРНИ КОМИСИИ ДЕНЕСКА ГИ СПРОВЕДОА ПОТПИШУВАЊАТА НА КОДЕКСОТ ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ, ОД СТРАНА НА УЧЕСНИЦИТЕ.

Денеска во Мултикултурниот центар, учесниците на Локалните избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Настанот го организира ОИК, според протоколите за јавни настани, во време на пандемија, а на потпишувањето присуствуваа кандидатите за градоначалници, Љупчо Папазов и Николчо Илијев, како и носители на советнички листи од двата блока и од помалите партии.

Веднаш по потпишувањето кандидатот поддржан од СДСМ, Николчо Илијев, изјави дека најважен е фер плејот, а на 17 октомври нека победи тој што ќе добие повеќе гласови од граѓаните.

И Љупчо Папазов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека се залага за максимално фер избори. Притоа, одговорноста за кредибилни избори е на власта, која ги организира и спроведува.

Изборната кампања започнува на 27 септември, кога во општина Кочани ќе биде извршено и жребувањето на местата предвидени за истакнување пропаганден материјал.

Сподели: