Уапсени две лица, со украден хероин и пари
Ноќеска помеѓу 25 и 26. септември, околу 01.10 часот во близина на едно манастирче во Кочани, од страна на полициски службеници од ОВР Кочани биле лишени од слобода две лица, триесет и двегодишниот Ш.М. и малолетник, двајцата од Кочани. Двајцата се приведени во полицијата бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени хероин и пари кои потекнуват од извршено кривично дело „кражба“.
По насока на Јавен обвинител од ОЈО Кочани, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 215 и 216 од Кривичниот законик.