Дождот ја расипа жетвата на оризот

Тридневните врнежи од дожд целосно ја блокираа жетвата на оризовата ултура, која во производствениот регион годинава е застапена на околу 4.300 хектари. Големите количини влага во почвата нема да дозволат подолг период комбајните да влезат во нивите и да останат надвор од полињата. Во меѓувреме на земјоделците им преостанува да ги проценуваат штетите од полните со вода ниви. Особено таму каде поради полегнување влагата може целосно да ги уништи класјето, односно зрното

Сепак дождот есенва не им е единствената грижа на оризопроизводителите, бидејќи со неколкунеделните преговори со Владата и предупредувачките протести не успеаја да ги добијат барањата за откупни цени од 25 денари за килограм арпа и 50 денари за килограм бел ориз, како и навремен и динамичен откуп. Наместо тоа добија дополнителна субвенција од само 3 денари за килограм арпа од овогодишната жетва, што е далеку од бараното. Поради тоа најавуваат нов штрајк и блокирање на магистралните сообраќајници.

Сподели: