Советничка листа на СДСМ: Најавена е изградба на нова спортска сала во Кочани!

Почитувани сограѓани,
Инвестициите во спортот се наш приоритет и во следниот мандат. Општина Кочани има спортска сала што е повеќе наменета за училиштен спорт. Со изградба на нова спортска сала ќе се овозможи развој на повеќе спортови, како кошарка, ракомет, одбојка, а секако овде ќе најдат свое место и традиционалните спортови како гимнастка и борење. Новата сала е предвидена да биде со капацитет за 3000 гледачи.
Исто така, за време на викенд, спортските сали ќе бидат отворени во подоцните часови, со присуство на професор по физичко образование, а целта е да се мотивираат младите и тинејџерите да го поминуваат слободното време од викендот во рекреативни активности.
Планирана е и изградба на адреналински парк во местото викано Бавчалук, нова атракција и содржини за младите луѓе од Кочани, можност за дружба, спортување и забава.

Почитувани, граѓаните се силата која е гаранција дека Кочани нема да запре, дека нема да назадува!
Вие сте гаранција дека ќе го градиме Кочани какво што вие сакате!
Вие сте гаранција за победа!
Затоа, на 17-ти октомври треба да испратиме јасна и силна порака дека Кочани останува на европскиот пат!
Оваа прилика би сакал да ја искористам да Ве поканам заеднички да ја проследиме вечерашната трибина на која обраќање ќе имаат нашиот градоначалник г-н Николчо Илијев, Претседателот на владата г-н Зоран Заев и носителот на нашата советничка листа д-р Томе Солевски. Настанот започнува во 20:00 часот во Трговскиот центар.

Сподели: