По протестот – договорена средба со министерот Хоџа

ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД РЕГИОНОТ ДЕНЕСКА ГО БЛОКИРАШЕ ПАТОТ КОЧАНИ-ШТИП ВО ОБЛЕШЕВО, КАКО УШТЕ ЕДЕН ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ СО ЦЕЛ ВЛАДАТА ДА ИМ ГИ ИСПОЛНИ БАРАЊАТА. ПОРАДИ ДВОЧАСОВНАТА БЛОКАДА НА ЕДНАТА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВАШЕ ПО СПОРЕДЕН ПАТ, ПРЕКУ БАЊЕ И СОКОЛАРЦИ.

Земјоделците денеска со земјоделска механизација, повторно ја блокираа едната лента од магистралниот пат Кочани-Штип, во Облешево, во знак на протест против нецелосното исполнување на нивните барања доставени до Владата и до ресорното министерство. Откупот, според нив, не функционира, а цените се понижувачки и се далеку од ветените 25 денари за килограм арпа, односно 50 денари за килограм бел ориз.

Последната субвенција од 3 денари за килограм арпа, што како мерка ја определи Владата, не е доволна сама по себе да го реши проблемот на производителите, бидејќи и со неа, откупната цена не стигнува ни до 18 или 20 денари.

Поради блокадата која траеше околу два часа, сообраќајот на делот од Облешево до Тркање се одвиваше само во правец кон Кочани, а во спротивна насока возилата беа пренасочувани по патот кон Бањеи Соколарци.

Последната вест е дека по протестот, се остварени контекти со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, при што е договорено во текот на утрешниот ден претставници на Иницијативниот одбор да се сретнат со Министерот Хоџа, за да разговараат за барањата на земјоделците.

Сподели: