Вечерва Кочани е најзагаден град
Енормна загаденост на воздухот со ПМ10 и ПМ2,5 честички вечерва покажуваат мерните инструменти на апликацијата Квалитет на воздухот во Македонија, на Министерството за животна средина. На мапата Кочани е обоено со темна боја, која значи висока загаденост, а бројките се загрижувачки, бидејќи достигнуваат над 970 мг/м3. За споредба во вообичаено најзагадените градови, како Скопје, Тетово и други, бројките кои го покажуваат присуството на ПМ честички во воздухот е драстично помал, дури неколку десетици пати пати помалку.
Прашањето е од каде доаѓа алармантната загаденост на воздухот. Првиот сомнеж е во оџаците, бидејќи започна грејната сезона, главно со огревно дрво. Меѓутоа, граѓаните очекуваат официјален одговор, бидејќи лани општината финансираше истражување и мерења на загадувачите и на загадувањето, за да може соодветно да се справи со овој сериозен проблем.