Резерватот празен, шумската куќа изгорена

НАМЕСТО ВЕТУВАЊАТА ЗА НОВИ СОДРЖИНИ И НАСЕЛУВАЊЕ СО ДИВЕЧ, ЛОВНИОТ РЕЗЕРВАТ НА ОСОГОГО ЗАПУСТУВА БЕЗ ЕЛЕНИ, МУФЛОНИ И СРНИ, А ИЗГОРЕ И ШУМСКАТА КУЌА, ПА СЕГА ГИ ИМА СИТЕ УСЛОВИ ЦЕЛОСНО ДА ПРОПАДНЕ. А НЕ ТАКА ОДАМНА ОВДЕ ЕГИСТИРАА НАД 1000 ГРЛА ВИСОКОТРОФЕЕН ДИВЕЧ, КОЈ НА ЧУДЕСЕН НАЧИН Е ИСТРЕБЕН.

Кочани го има ловниот резерват „Полаки“ на Осоговските планини, ама како да го нема. Дека атрактивното ловиште, во кое некогаш егзистираа над 1000 грла дивеч, незапирливо пропаѓа, потврдува и опожарената и запустена шумска куќа, која е нем и грд сведок на пословичната негрижа кон се што е државно, или општонародно. А во делумно обновената ограда на огромен простор од околу 1200 хектари, дивечот целосно истребен. Можеби само две-три грла елени кои се шират во пустелијата.

А пред само неколку месеци локалната власт се фалеше дека тука ќе се инвестира во современи објекти и опрема, дека ќе се гради современа кланица за дивеч. Паралелно ќе се изврши населување со елени, муфлони и друг дивеч, за резерватот во кој низ годините се инвестирани значајни средства, да стане ловна атракција и да се развива ловниот туризам.

Сподели: