Најмалите пензии стигнуваат в петок
Владата им препорачува на деловните банки преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.11.2021 година (петок);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2021 година (понеделник);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2021 година (вторник); и
Пензиите чија висина изнесува над 18.000 денари, ќе почекаат исплата да се изврши наредната среда, односно на 01.12.2021 година.