Титовистите ја слават Југославија

ГОДИНИТЕ МИНУВААТ, А ТИТОВИСТИТЕ НЕ ГИ ЗАБОРАВААТ ПРАЗНИЦИТЕ НА ПОРАНЕШНАТА СФРЈ, ПРОДОЛЖУВАЈЌИ ЈА ТРАДИЦИЈАТА НА НИВНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ СО ПРЕПОЗНАТЛИВ ДЕКОР И ОБЕЛЕЖЈА. ЗА ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА СФРЈ, ДЕНЕСКА КОЧАНСКИТЕ ПОДДРЖУВАЧИ НА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ЈОСИП БРОЗ ТИТО ПРОДЕФИЛИРАА ПО КОЧАНСКИТЕ УЛИЦИ ПОТСЕТУВАЈЌИ ГИ ГРАЃАНИТЕ НА ЕДНО УБАВО ВРЕМЕ И СЛОБОДАРСКИ  ЖИВОТ.

Почитувачите на ликот и делото на Јосип Броз Тито, популарните титовисти и југоносталгичари, денеска со дефиле по кочанските главни улици го одбележаа Денот на Републиката на бившата СФРЈ, 29 Ноември. Со препознатливиот декор тие се собраа на традиционалното стартно место во градскиот пазар.

Придружувани од полициско возило кое ја предводеше колоната, тие продефилираа со сопствени моторни возила, со југословенски  знамиња, обележја и со слики на Тито, отпоздравувајќи им на граѓаните. На одбележувањето на Денот на Решубликата не присуствуваше претседателот на Здружението, Трајче Трендов, поради здравствени причини, односно повреда, но неговите другари го очекуваат веќе на наредното одбележување на некое екс ју празнување.

За Титовистите е несватливо Македонија да не го празнува 29 ноември, затоа што тогаш, заедно со уште шест федерални републики, е стекната нејзината слобода, независност и за првпат е признаена како рамноправна република, односно држава во заедничката Ју федерација.

Сподели: