Торба или 15 денари за кесе

ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА НА УПОТРЕБА НА ПЛАСТИЧНИ КЕСИ КОЈА ВО СИЛА СТАПУВА НА 1. ДЕКЕМВРИ, ИМА ЗА ЦЕЛ ПРОМЕНА НА НАВИКИТЕ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. ФОНДОТ ЗА ТАА НАМЕНА ЌЕ СЕ ПОЛНИ ОД ПРОДАЖБА НА БИОРАЗГРАДЛИВИ КЕСИ, КОИ ЌЕ ЧИНАТ 15 ДЕНАРИ. ИДЕЈАТА Е ТИЕ ШТО ЗАГАДУВААТ ТИЕ ДА ПЛАТАТ.

Минатиот месец беше одлучено, а в среда ќе стапи во сила забраната за продажба и употреба на пластични кеси. Исклучок ќе бидат биоразградливите кеси, кои ќе чинат 15 денари, а средствата ќе се акумулираат во специјален фонд за животна средина. Крајната цел е да се намали употребата на пластиката во секојдневниот промет.

Фондот што ќе се создаде од овие 15 денари за секое купување на пластично кесе меѓу другото ќе се инвестира во подигнување на совеста на граѓаните како да се менаџира со отпадот во државата. Идејата е тој што загадува тој и да плати, и на тој начин производителите кои што ќе донесат производи во државата тие треба да контрибуираат и во тоа, и со ова ќе се натера да придонесат за инфраструктурата со различни контејнери каде што граѓаните ќе го селектираат отпадот. На тој начин ќе се креира систем во кој самите граѓани ќе го селектираат отпадот.

Инаку, од 1 декември ќе биде забранета пластика за еднократна употреба и во угостителските објекти во заштитени зони, какви што се Осоговските Планини,  Пелистер, Маврово, Шар Планина …

Сподели: