„Слога 1934“ во битка за есенската титула
Претстојниот викенд второлигашите на истокот ќе го одиграат 13-то коло, во кое се очекуваат неколку особено интересни натпревари, меѓу кои и дербито во Прилеп, каде домашната Победа ја пречекува Слога 1934. Навивачите на Слога натпреварот го нарекоа Битка за тронот, бидејќи победникот ќе го запоседне врвот на табелата, а доколку тоа биде гостинот, тоа ќе значи и освојување на есенската титула.
Осогово е пред уште едно гостување од кое може да очекува добар резултат, бидејќи противникот Тим Локомотива е по мерка и може да се победи дури и на негов терен.
Во 13-то коло ќе играат во Пехчево ФК КИТ ГО-ПЕХЧЕВО против ФК БРАТСТВО 07, Во Струмица ФК БЕЛАСИЦА го пречекува ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА, во Радовиш ФК ДЕТОНИТ ЈУНИОР – ФК КАМЕНИЦА САСА, ФК ПОБЕДА – ФК СЛОГА 1934, и ФК ТИМ ЛОКОМОТИВА 2018 – ГФК ОСОГОВО
Натпреварите започнуваат во 13 часот.