Петардите опасни, казните големи
ОД 200 ДО 500 ЕВРА СЕ КАЗНИТЕ ЗА ТОЈ ШТО НЕОВЛАСТЕНО ПУКА ОД ОГНЕНО ОРУЖЈЕ , НО И СО ПЕТАРДИ И ДРУГИ ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА. ЗА НЕОВЛАСТЕНО ИЗРАБОТУВАЊЕ И ДРЖЕЊЕ НА ОРУЖЈЕ, ИЛИ ТРГУВАЊЕ КАЗНИТЕ СЕ ЗАТВОР ВО ТАЕЊЕ ОД ТРИ ДО ДЕСЕТ ГОДИНИ. ПОКРАЈ ТОА УПОТРЕБАТА НА ПЕТАРДИ ОД СТРАНА НА ДЕЦА Е ОПАСНА ПОЈАВА КОЈА МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ИНВАЛИДИТЕТ И ДРУГИ СЕРИОЗНИ ПОВРЕДИ.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.
Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.
Согласно Кривичниот законик, член 396, тој што недозволено изработува, држи и тргува со оружје или распрскувачки материи и експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години; Во случај ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.