Два милиона ќе лапне Кавадаречка фирма за менување прозорци на три установи

Деновиве започна промената на прозорци на три јавни објекти во Општина Кочани. Нови современи прозорци ќе добијат објектите на централната градинка „Павлина Велјанова“, Подрачното училиште „Никола Карев“ во Грдовци и на Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“.

До сега монтажата и демонтажата на прозорците целосно е завршена на објектот на централната градинка „Павлина Велјанова“, додека во другите два објекта работата е во тек и треба да биде комплетирана до крајот на 2021 година.

Вкупната вредност на проектот изнесува 1.900.000 денари, а изведувач на работите е кавадаречката фирма „Ми комерц“, која ги победила кочанските фирми на тендерот.

Сподели: