Слога 1934 поразена за делба на првото место
СО ПОРАЗОТ ВО СТРУМИЦА „СЛОГА 1934“ ЈА ЗАВРШИ СЕЗОНАТА НА ДЕЛБА НА ПРВАТА ПОЗИЦИЈА СО ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА, ШТО Е ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ УСПЕСИ НА КЛУБОТ. ДУЕЛОТ ДЕТОНИТ – ОСОГОВО ОДЛОЖЕН ЗА 14 ДЕКЕМВРИ
По вториот едноподруго пораз на гостински терен, овој пат од Беласица во Струмица екипата на Слога 1934 ја расипа брилијантната серија во есенската полусезона на Втората лига Исток, и ја загуби лидерската позиција на табелата. Но виничани нема зошто да тагуваат, бидејќи во изминатата полусезона остварија еден од најголемите успеси на клубот. Особено поради фактот дека клубот егистира со скромни средства од општината и од дел од стопанските субјекти во градот. Дека Слога е најдобра екипа на истокот потврдува фактот што двапати го совлада лидерот Победа од Прилеп.
Во последното есенско коло ФК КИТ ГО-ПЕХЧЕВО претрпе минимален пораз од ФК КАМЕНИЦА САСА со резултат 0:1, во Струмица ФК БЕЛАСИЦА ја совлада ФК СЛОГА 1934 со 3:0, ФК ПОБЕДА оствари убедлива победа против аутсајдерот ФК ТИМ ЛОКОМОТИВА 2018 со резултат 4:0, Натпреварите КОЖУФ – БРАТСТВО, и ДЕТОНИТ ЈУНИОР – ОСОГОВО се одложени поради лошите услови за игра.