Пресс на ОО Сдсм Кочани

Почитувани,

Локалната и централната власт предводени од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија инвестираат за доброто на сите граѓани, на сите општини, на целата држава. И покрај светската пандемија која неминовно влијае на секој аспект од нашите животи, ние не запираме туку продолжуваме со капиталните инфраструктурни инвестиции.

Еден од многуте проекти кои започнаа да се реазлизираат е рехабилитација на регионалниот пат Кочани – Пониква.

Туристичкиот центар Пониква со својата природна убавина и поволна клима е едно од најпосетените места во нашиот регион. За да се овозможи поголем развој на туризмот, потребно е да се подобри инфраструктурата, односно да се рехабилитира делницата која го поврзува туристичкиот центар со општина Кочани.

Првата фаза ја завршивме лани, а веќе сме на крајот и од втората фаза и покрај тоа што завршувањето на оваа делница беше предвидено за во април 2021 година.

Вредноста на оваа инвестиција е 49.09 милиони денари, а должината на сообраќајната делница е 7,4 км.

Со завршувањето на овој проект, обезбедуваме квалитетнo сообраќајнo поврзување со туристичкиот центар Пониква, а со тоа го олеснуваме развојот на туризмот во нашиот регион, овозможувајќи посетителите беспрекорно да уживаат во природните убавини кои ги нуди овој туристички комплекс.

Продолжуваме понатаму!

Работиме во интерес на граѓаните и за доброто на сите!

Гоце Серафимов

Претседател на ОО СДСМ Кочани

Сподели: