Зоран Сребренов нов претседател на БК „Спартак“
ПО НЕКОЛКУГОДИШНОТО ЖИВУРКАЊЕ НА БК „СПАРТАК“, НОВОИЗБРАНОТО РАКОВОДСТВО НАЈАВУВА ПОУБАВИ ДЕНОВИ ЗА КОЧАНСКОТО БОРЕЊЕ. ПРАКТИЧНО СЕ РАБОТИ ЗА НОВ ПОЧЕТОК НА КЛУБОТ СО НОВИ ТРЕНЕРИ, ЗАПИШУВАЊЕ МЛАДИ ЧЛЕНОВИ, ОТКРИВАЊЕ ТАЛЕНТИ И РАБОТА НА ДОЛГИ ПАТЕКИ. ЌЕ СЕ РЕНОВИРА И ЗАТОПЛУВА САЛАТА, А НАБАВЕН Е И НОВ ДУШЕК.
На редовното годишно собрание на Боречкиот клуб Спартак од Кочани е избрано новото раководство кое ќе го види најтрофејниот спортски колектив во општината. За претседател на Спартак е избран Зоран Сребренов, а за секретар Гоце Ангелов. Според Сребренов, плановите за оваа година се создавање на нов млад тим и враќање на сите искусни борачи во клубот, со цел поставување цврсти темели за долгорочна и квалитетна работа. Ќе се бараат таленти во градот, општината и пошироко, со цел да се создаде квалитетен фонд на борачи кои ќе бидат конкурентни на државно и меѓународно ниво. Поради тоа веќе се во тек уписите на нови членови, кои ќе ги совладуваат боречките вештини .
Тренери кои ќе работат во клубот се познатите имиња од борачкиот спорт во Кочани, Влатко Соколов и Зоран Сребренов. Ќе се инвестира и во подобрување на условите, со тоа што салата ќе биде целосно реконструирана, ќе се обезбеди квалитетно затоплување, а во меѓувреме веќе е обезбеден нов душек за тренинзи и натпревари.