Ќе добие ли Кочани министер ?

Иако во локални извори на СДСМ неофицијално се повеќе коментираат дека за составот на новата влада во комбинација е и екс градоначалникот Николчо Илијев, засега посериозна потврда за такво нешто нема. Илијев не се споменува во ниту една анализа или комбинаторика на добро упатените национални медиуми, кои „распоредуваат“ партиски кадри по министерски фотељи.

Конкретизирањето дека кочанскиот кадар би можел да седне во фотељата на Министерството за транспорт и врски паѓа во вода, поради прекусиот мандат на актуелниот министер Благој Бочварски, кој како што коментираат поедини медиуми, ќе остане таму и во новиот владин состав.

Самиот Николчо Илијев, на СМС прашање, дали ќе биде иден министер или не, не одговара, односно ниту демантира, ниту потврдува.

Инаку, во кочанската јавност не остана без поширок коментар неговата семејна прослава на празникот Свети Никола во Хотелот Сити Ин, на која меѓу другите, присуствувале и премиерот Заев и други високи гости, што ја подгрева можноста дека можеби е во некаква комбинација да партиципира во новата Влада.   

Сподели: