Градежниците сами си го платија честењето

Сопствениците на градежни, проектантски и други фирми, по денешната средба со градоначалникот, сами си ги платија сметките за по некоја чашка пијалок и закуска. Ваквата пракса веројатно е прва во практицирањето на локалната власт, што е показател дека ќе се води сметка за секој денар од буџетот.

Штедливо и рационално работење на почетокот на своите мандати промовираат и другите  градоначалници во микрорегионот. Во Општина Зрновци градоначалникот Борчо Коцев не предвидува ниту денари за репрезентација, со интенција секој денар да се троши таму каде што е најпотребно.

Притиснат од долгови и блокирани сметки и градоначалникот на Чешиново-Облешево Далибор Ангелов предвидува максимално стегање на ременот за непродуктивни трошоци, со цел раздолжување на општинската каса и обезбедување средства за реализација на проекти.   

Сподели: