„Словенец“ дилал дрога во Кочани
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до ОЈО Кочани поднела кривична пријава против А.В.(42) од Република Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривчно дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик, соопштија од Миистерството за внатрешни работи.
– На 09.01.2022, по претходно добиена судска наредба, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани извршен бил претрес во куќа, при што бил затекнат А.В.(42) од Р.Словенија, а со привремен престој во РСМ. При претресот пронајден е амфетамин, дигитална вага со остатоци од амфетамин, други предмети со остатоци од амфетамин, како и две пакувања со по 10 семки од растението канабис, посочуваат од МВР. Лицето е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Кочани, а потоа со соодветна кривична пријава предаден на надлежното обвинителствo.