Св. Василиј се славеше на Пониква

Во прекрасен зимски амбиент, со снег и блескаво сонце, денеска верници од Кочани, но и туристи кои престојуваат во сместувачките капацитети на Пониква, беа дел од празнувањето на Свети Василиј Велики, Василица, во истоимениот манастир на Осоговските Планини. Со свечената празнична литургија чиноначалствуваше владиката Иларион, кој ја продолжува традицијата да присуствува на манастирските слави во овој духовен храм, лоциран на 1640 метри надморска височина. Во изјава на Актуелности, тој им посака здравје, среќа и духовен мир на верниците, искажувајќи надеж дека со голема верба ќе се надминат светските пандемии, односно дека доброто ќе го победи злото.

Под покровителство на кумовите беше организиран празничен манастирски ручек за здравје, кој го благослови Владиката Иларион, по што се избрани новите кумови за летната овогодишна слава, како и за Св. Василиј во 2023 година.

Сподели: