Модуларната во Кочани пред активирање

Поради перманентниот пораст на бројот на новозаразени пациенти во градот, директорите на здравствените установи во Штип и во Кочани се во постојан контакт околу можноста за повторно отворање, односно активирање на Модуларната амбуланта во кругот на Општа болница. Од кочанската болница информираат дека бројот на пациенти со симптоми на ковид 19 е се поголем , иако за среќа повеќето се со полесна клиничка слика па немаат потреба од болничко лекување. Меѓутоа, притисокот во Штипските болници кој ги прифаќа пациентите од регионот, може да ја вклучи и овдешната.

Инаку во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 13 нови случаи на ковид 19 во Кочани, а бројот на активни се зголеми и надмина 200.

Расте и бројот на пациенти кои се јавуваат за примање на трета доза вакцина во вакциналниот пунк во Кочани,особено кај повозрасните пациенти.

Сподели: