За струја од 150.000 на 800.000 денари

КАКО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО ОДЕКНАЛА ДЕКЕМВРИСКАТА СМЕТКА ЗА СТРУЈА НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО, СО ИЗНОСОТ ОД 800.000 ДЕНАРИ, КОЈ Е ЗА НАД ПЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМ ОД ИСТИОТ МЕСЕЦ ВО 2020 ГОДИНА, КОГА БИЛА ОКОЛУ 150.000 ДЕНАРИ. ЗА СПАСУВАЊЕ НА СИТУАЦИЈАТА ЌЕ СЕ БАРА ПОМОШ ОД ЗЕЛС, И ОД ДРЖАВАТА, НО И ПРЕКУ ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈИШТЕ ЗА ФОТОВОЛТАИЦИ

Енергетската криза драматично им ги зголеми сметките за електрична енергија на локалните самоуправи, кои се во паника од каде да најдат средства за да ги платат. Таквата ситуација не ги остава на мир градоначалниците, на кои сега примарно им е како да обезбедат средства за плаќање на фактурите, што им одзема и време и енергија за реализација на проектите.

Во Општина Чешиново-Облешево декемвриската сметка за струја со изност од над 800.000 денари, дошла како гром од ведро небо, бидејќи во однос на истиот месец 2020 година, кога била околу 150.000 денари, е за над пет пати повисока.

За справување со ситуацијата помош ќе се бара од ЗЕЛС и од Централната власт, но и со обезбедување дополнителни средства од продажба на градежно неизградено земјиште, првенствено за фотоволтаици.

Прашањето е што ќе се случува и како проблемот ќе се решава на подолги патеки, откако ќе се распродаде расположивото земјиште а ќе продолжи пристигнувањето на астрономски фактури и сметки по разни основи.

Сподели: