Избрани најдобрите спортисти за 2021 година

По пауза од една година, Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари, ја организираа манифестацијата Избор на најдобрите во спортот за 2021 година. Церемонијата на прогласување на најуспешните и доделувањето на наградите, зачинета со пригодна музика, се одржа во Ресторанот Але Дар, а присуствуваа голем број спортисти, спортски работници и претставници на локалната самоуправа. Притоа, беа доделени плакети, признанија и награди во пет категории: најдобри млади надежни спортисти, тренер, најдобра спортски екипа и најдобар спортист на Кочани за 2021, како и признанието на придонес во развојот на кошарката.

Титулата најдобар спортист на Кочани за 2021 годинава му е доделена на гимнастичарот на КГС „Кочани“, Ристе Симеонов, а плакетата му ја врачи градоначалникот, Љупчо Папазов.

Плакетата за најдобра екипа за 2021 година, отиде кај Џудо-клубот „Гладијатор“ а ја прими претседателката на клубот Вера Шеќеровска.

Признанието Најдобар тренер во 2021 година го доби тренерот на ГФК Осогово,  Александар Андов.

Со долготраен аплауз од нога, беше проследено доделувањето на признанието – Плакета за развој на кошарката во Кочани, постхумно на Сашо Лазарев – Чапо, која ја прими неговиот син Дино.

Признанија и благодарници добија сите 13 пријавени млади спортисти, кои се иднината на кочанскиот и македонскиот спорт.

Сподели: