И Турција заинтересирана за ГТВ
Денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов одржа работен состанок со турскиот амбасадор во Република С. Македонија, Хасан Мехмет Секизќок.
На работната средба во просториите на општинската зграда најпрвин беа презентирани потенцијалите на Општина Кочани, културните наследства и опциите за проекти за напредок кои можат да бидат финансирани од Турската агенција за соработка и координација – ТИКА.
Остварен е и контакт со бизнис компании од Република Турција, со чијашто посета во иднина би дошло до искористување на геотермалните ресурси кои се застапени на територијата на Општина Кочани.