КОИ СЕ (НЕ)ОСТВАРУВАЊАТА ОД РАБОТЕЊЕТО НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НА ЧЕЛО СО ПАПАЗОВ ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА?
Почитувани сограѓани,
По првите 100 дена од стапувањето на функцијата градоначалник немаме никаква првична анализа со која би се презентирала работата на Љупчо Папазов на кочанската јавност.Секој би се запрашал – зошто?! Колку и да се трудат да манипулираат, вистината е една и единствена – немаат ништо што да кажат затоа што во првите сто дена од преземањето на локалната власт, Папазов и неговите сопартијци од ДПМНЕ беа презафатени со други проблематики на сметка на решенија за доброто на сите граѓани. Имено, Папазов и ДПМНЕ целосно се сконцентрираа на што е можно побрзо и поефикасно партизирање на управните и надзорните одбори и партиски, несоодветни вработувања во локалната самоуправа и институциите кои се под нејзина надлежност. На жалост, тоа не им беше најавено во програмата и следствено, не можат да го искористат за јавна „пофалба“ со сработеното.
Од најавените клучни проекти во 17 области, немаат ниту еден започнат. И не само што немаат никаква идеја ни план за реализација на она што ветуваа, тие не се способни ни да ги завршат веќе започнатите проекти од претходниот градоначалник. Челници на ДПМНЕ, не мислите дека е правично и коректно да си го работите она што сте го ветиле, или барем да го довршите започнатото, веќе кога не знаете како и не умеете?! Можевте експресно да си се раздолжите со АВТО АТОМ не во првите 100, туку 10 дена, а не можете да направите ништо за граѓаните?! Освен што покажавте насилничко, навредливо и непрофесионално однесување, непочитувајќи го Советот, а со тоа и граѓаните од кои што сте избрани, вербално се заканувате и навредувате, не мислите дека вашите претставници се избрани таму со друга цел?Ако по утрото денот се познава, нема дилема дека Љупчо Папазов ќе биде фигура која само ќе ги испорачува насоките на Ратко Димитровски и заеднички го враќаат режимот на голема врата.Заклучокот е едноставен и јасен: локалната самоуправа предводена од нив е најголемото разочарување кое ѝ се случи на нашата кочанска општина. Со овој нечесен однос, Љупчо Папазов апсолутно не ја заслужува довербата која му е дадена.На жителите на Општина Кочани не им се потребни празни ветувања, туку дела и проекти кои ќе бидат во интерес на сите!
Со почит,ОО на СДСМ Кочани