Реакција од градоначалникот Љупчо Папазов на соопштението на ОО на СДСМ Кочани

Почитувани сограѓани,

Како градоначалник на овој град, со оглед на мојата одговорна и чесна работа, преку отчетот за првите 100 дена ги информирав партиските челници, граѓаните и целата македонска јавност која можеше настанот да го следи со директен пренос во живо. За информирање на јавноста, изборите завршија на 31.10.2021 година и тогаш беа поразени политиките на претходната власт.
Со преземањето на функцијата Градоначалник на ден 09.11.2021 година, затеков салдо на сметката на основниот буџет од 8,559,000 денари и обврски за склучени договори меѓу кои реконструкција на Градскиот Парк и реконструкција на булеварот „Стево Теодосиевски“ во вредност од 53,000,000 денари, за кои подмирени обврски беа во висина од 4,300,000 денари. Остатокот од обврските како одговорна власт ќе го исплаќаме и решаваме во текот на годината, согласно динамиката на реализацијата.
Само од сопствени средства од 09.11.2021 година до денес подмиривме обврски од 25,312,000 ден. за капитални проекти кои ги наследивме и продолживме да ги реализираме.
За расчистување на дилемата околу авторизацијата на проектите и правото на присвојување на истите, овде ќе ги напоменеме проектите: реновирање на МКЦ, проектот за реконструкција на потисен цевковод, пречистителна станица во с. Мојанци, планинарски дом, регулирање на коритото на Кочанска Река кои се идеи на граѓаните, произлезени предлози од јавните дебати, пројава на интерес и се сопственост на граѓаните на Општина Кочани.

Исплатата на обврските кон АВТО-АТОМ е затворена тема заклучно со записникот од датум 23.04.2019 година и збирниот извештај, одлуката на советот од датум 25.04.2019 година, кои се потпишани од претходното раководство, со што е потврдена обврската за исплата на основен долг и камата.
Сите проекти и сопствени и наследени достоинствено ќе продолжиме да ги реализираме. Овде престануваме со медиумската полемика на оваа тема и посветено продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните.

Со почит,
Кабинет на Градоначалник на Општина Кочани
Љупчо Папазов

Сподели: