„Осогово“ во Штип го победи „Пехчево“

Во рамките на натпреварите од 17-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток екипата на ГФК „Осогово“ им се врати на победите, освојувајќи три бода против „Пехчево“, во победата од 1:0. Бодовите на жолто-сините им ги донесе капитенот Тоше Манов кој од пенал, во второто полувреме постугна гол, кој се покажа и како конечен резултат.

Радува податокор дека одбраната на Осогово на овој натпревар беше на висина на својата задача, не дозволувајќи им на домаќините да ја затресат мрежата на голманот Андов.

Инаку, во наредното 18 коло „Осогово“ на „Никола Мантов“ го пречекува гевгелиски „Кожуф“ еден од конкурентите во борбата за опстанок.

Резултати од другите нетпревари: Каменица Саса – Братство 0:1, Детонит Јуниор – Победа 0:0, Беласица – Тим Локомотива 6:0, и Кожуф – Слога 1:1.

Сподели: