За делчевци нема автобус до Скопје, ама има до Итралија …

ОД ДЕЛЧЕВО КОН СКОПЈЕ НЕМА НИ РЕДОВНА НИ ВОНРЕДНА АВТОБУСКА ЛИНИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ ДА МОЖАТ ДА СТИГНАТ ДО ГЛАВНИОТ ГРАД, АМА ЗАТОА ИМА ЛИНИИ ДО ИТАЛИЈА, ГЕРМАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА. ПРОБЛЕМОТ Е ШТО ВО ГРАДОВИТЕ И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА НА ИСТОКОТ НЕМА МНОГУ НЕШТА КОИ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ НА ГРАЃАНИТЕ. НЕМА ЛОКАЛНИ ТЕЛЕВИЗИИ, НЕМА АСАЛНО ЗДРАВСТВО ОТИ НЕМА ЛЕКАРИ, НЕМА СУДИИ, НЕМА ДЕЦА ВО КЛУПИТЕ, НЕМА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ПО ПОЛИЊАТА …

Информацијата дека Делчево нема автобуска линија до Скопје и другите градови во државата, само ја потврдува суровата вистина за состојбите во крајниот источен дел на државата. Парадоксот е уште поголем ако се знае дека со „реиз“ делчевци се возеа пред 30, 40, 50 години. А резилот на државата е неизмерлив ако се додаде дека во Делчево одамна нема локален медиум, како на пример телевизија. Како што нема ниту во Берово, Пехчево, Виница …

Поопасно е тоа што од година во година снемува лекари по болниците, снемува судии во судовите, снемува деца во училиштата, снемува земјоделци во полињата, снемува народ по селата и градовите, снемува мајстори.

Како тргнало странските инвеститории кои ги затвораија домашните фабрики за да си отворат свои, во име на глобализацијата, ќе увезат и работници…

За споредба, во Швајцарија автобус сообраќа во најоддалечените планински места за само едено семејство. Кај нас градови се изолирани и одцепени.

Парадоксот да биде поголем, од  Делчево, Берово, Виница, во континуитет сообраќаат речиси редовни автобуски линии до Словенија, Италија, Швајцарија, Германија …

Сподели: