Реконструкција во „Пејпар Мил“

Компанијата „Пејпр мил“ од Кочани целосно го запре производствениот процес поради реконструкција на електрониката во машинскиот дел и воведување современа технологија.

Од раководниот тим на фабриката истакнаа дека се работи за планиран прекин на работењето што нема да влијае врз статусот на вработените.

-Со реконструкцијата ќе се воведе модерна германска технологија во електронската инсталација и ќе се постигне поголема ефикасност во работата. Инвестицијата беше претходно планирана и најавена, а очекуваме целата замена да трае до крајот на овој месец. Додека трае прекинот во производството, ангажманот на вработените ќе продолжи, односно тие ќе помагаат во реконструкцијата и ќе ги земаат редовните плати, истакна Игор Тасевски, административен директор во „Пејпр мил“.

Покрај модернизацијата на производствениот процес, во компанијата се работи и на комплетирање на пречистителната станица за отпадни води, за што се инвестирани над 300 илјади евра. Со комплетирањето на постројката, таложењето на хартиениот отпад ќе биде поефикасно, ќе се обезбеди заштеда на вода од околу 60 отсто, а по нејзиното пречистување дел ќе се враќа во процесот.

Сподели: