Паркот го менува ликот , урнати леблебилџилницата и кафетеријата, ќе се постават нови

НАДАЛЕКУ ПОЗНАТИТЕ СОНЧОГЛЕД, СЕМКИ И ЛЕБЛЕБИИ НАСКОРО ЌЕ ДОБИЈАТ НОВ ПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ НА ИСТАТА ЛОКАЦИЈА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК. ДЕНЕСТА СТАРИТЕ ОБЈЕКТИ СЕ УРНАТИ, ЗАРАДИ ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ, А ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ЌЕ БИДАТ ПОСТАВЕНИ НОВИ КИОСЦИ.

Во рамките на реконструкцијата и уредувањето на градскиот парк, денеска вниманието на кочанци го привлече уривањето на двата продажни објекта, леблибиџилницата и кафетеријата, заради поплочување и на овој дел од паркот. Според информациите од сопствениците на истите, за неколку дена просторот ќе биде поплочен и уреден во раките на вкупниот проект, а потоа тие на истите локации ќе може да постават нови современи деловни објекти, кои ќе се вклопат во целокупниот амбиент.

Денеска забрзано се работи и на поплочувањето на пешачкиот простор помеѓу Центарот за култура и Кочанска Река, кој понатаму ќе продолжи се до мостот кај Шопинг центарот.

Додека гранитниот плочник и простор се повеќе се отвораат и оставаат впечаток кај минувачите, дел од граѓаните се прашуваат како зголемувањето на поплочената површина од над 5000 квадрати, а за сметка на зелените површини, ќе влијае на амбиентот во летниот период при температури од 30 до 40 степени целзиусови. Но претходно очекувањата се насочени кон тоа каква фонтана ќе добие Кочани.

Сподели: