Луѓето трчаат по бензинските – бараат нафта …

Нафта на најголем број од бензинските пумпи на крајниот исток – нема. Земјоделци, таксисти и други зависници од овој енергенс за механизацијата и возилата трчаат од една до друга бензинска пумпа, ама ретко каде наоѓаат. Во Кочани веќе доаѓаат возачи од Делчево. Берово, Македонска Каменица и помалите населени места, да ги наполна резервоарите, меѓутоа и тука дизел може да се најде само на неколку пумпи.

Дали недостигот е последица на нередовно снабдување, или добавувачите тактизираат поради кризата и цените, главно во јавноста е создадена паника, во која секој брза да се снајде како знае и умее. Луѓето го даваат и последниот денар да ги наполнат резервоарите, оти не знаат кога и за што ќе им затреба.

Покрај стравот од недостиг на пазарот, не е за занемарување ниту стравот од драстичен скок на цените, па секој постапува според логиката, подобро е да има. Инаку, нафтата засега се продава по цена од 75,50 денари, Супер 95 – 84 денари, а Супер 98 дури 86 денари за литар.

Сподели: