„Драганица купот“ за ФК „Осогово“

Ниту студено време со речиси леден дожд не ги спречи младите фудбалери на Осогово, Детонит, Слога 1934 и Каменица Саса, да учествуваат на 16-иот традиционалниот меморијален турнир „Драганица Куп“, кој се одигра на Стадионот „Никола Мантов“. Четирите натпревари помеѓу овие противници донесоа квалитетен и ефикасен фудбал, што е најава дека доаѓаат нови фудбалски таленти во источниот дел на државата.

Во првиот натпревар домаќинот „Осогово“ ја совлада виничка „Слога 1934“ со 3:0, а во вториот „Детонит“ им ја наполни мрежата на „Каменица Саса„ со високи 5:0.

Во борбата за трето место „Слога 1934“ беше поуспешна од „Каменица Саса’  победувајќи ја со 3:0, а натпреварот за шампионскиот пехар помеѓу „Осогово“ и „Детонит јуниор“ заврши со сигурна победа од 2:0 за кочанчани.

Александар Стоименов од ФК „Осогово“ е прогласен за најдобар голан, а Филип Јованов за најдобар фудбалер. Најдобар стрелец е Костадин Василев од Детонит јуниор.

Организаторот им додели признанија на фудбалските судиите кои ја делеа правдата на турнирот и на медиумите за нивното известување од турнирот.

Сподели: