Младинскиот совет на Зрновци ја промовираше Програмата за работа

Денеска во Зрновци, Локалниот младински совет ја одржа првата седница на која најпрвин беа промовирани членовите и Програмата за работа за тековната година.

Во Младинскиот совет на општина Зрновци,членуваат пет членови од Младиснки организации од општината, а целта е да се овозможи  поголемо учество на младите во креирањето и донесување на одлуки во средината во живеење. Нашата програма се состои од активности кои ќе ги реализираме во нашиот мандат, еколошки и хуманитарни акции, едукации и обуки на младите како и спортски активности. 

Градоначалникот Борчо Коцев денеска истакна дека опшина Зрновци од сопствениот Буџет обезбеди 50 илјади денари за реализирање на активности на младите .

  • Како Градоначалник на Општина Зрновци ветив максимална подршка за учество на младите во процесот на креирање на младински политики и донесување одлуки кои се однесуваат на нив, активности и мерките кои ги презема локалната самоуправа за унапредување на положбата на младите во општеството, како и информирање и заедничко планирање на активности поврзани со и за младите во Општина Зрновци. Вие како Претставници на ЛМС на Општина Зрновци, согласно Законот за Младинско учество и младински политики имате право да:-предлагате точки на дневен ред на Советот на општина Зрновци. -иницирате прашања за млади од делокругот на работата на општина Зрновци.-иницирате, учествувате и давате повратни информации за процесот на локална младинска стратегија и други политики.-доставувате информации до општината, за прашања кои се однесуваат на младите.-вршите други советодавни и застапувачки работи во согласност со овој закон, притоа водејки сметка за рамноправно застапување на барањата на сите генерации млади од 15 до 29 години.
  • Ваша цел треба да претставува креирање и спроведување на политика на млади преку повеќе секторски пристап, поаѓајќи од потребите и интересите на младите, -зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политики за млади, -активно информирање, промоција и заштита на интересите на младите, како и зајакнување на свеста за важноста на младите и нивната општествена улога, -промовирање меѓу генерациско партнерство за поддршка на учество на младите во процесот на донесување на одлуки и политики,- поддршка и унапредување на младинското организирање, -поттикнување на структурен дијалог на национално и локално ниво, -поттикнување на волонтерство, младински активизам и младинската работа,- поттикнување на личен, професионален и социјален развој кај младите, изјави Борчо Коцев, градоначалник на општина Зрновци. ж

Сподели: