Еколошка акција и акција за пошумување по повод 21 март, денот на пролетта во Зрновци
Општина Зрновци во соработка со -КЈП Водна Кула, -ЛМС ( Локален Младински Совет), -Вработените во детска градинка Бисерчиња ,-Вработените и ученици од ОУ Синиша Стоилов, -Клубот на пензионери-Зрновци, по повод 21 март, Денот на пролетта организира еколошка акција во недела 20 март и акција за пошумуање која ќе трае од понеделник 21 март до петок 25 март .
ЕКОЛОШКАТА АКЦИЈА ќе опфаќа: -расчистување на следниве јавни површини и места на диви депонии :-јавна површина околу Етно парк, Детска градинка „Бисерчиња“, Повеќенаменско спортско игралиште „Васе Ангелов“-централно подрачје на Зрновци со улиците долж кејот на река Зрновка-јавна површина и улиците околу училиштето „Синиша Стоилов“-патниот правец кон м.в. Централа и м.в. Карпата-влезот во Мородвис-горна улица-излез од Видовиште-дива депонија и-останати детектирани загадени површини со отпад.
Акцијата за пошумување ќе започне на ден (Понеделник) 21.03.2022 година и ќе трае до (Петок) 25.03.2022 година :-засадување на дрвца во Етно парк-засадување на дрвца во централен парк Зрновци-засадување на дрвца во парк Мородвис-засадување на дрвца во парк Видовиште-Кеј на река Зрновка-Кеј на Морошка река-Останати ритчести површини во трите населени места на општината.
Општина Зрновци ги повикува претставниците од Приватниот сектор и сите останати граѓани од Општина Зрновци да ни се приклучат ( со расположливи алатки и материјално-технички средства) и земат активно учество во предвидените акции.