Промовирана поетската збирка „Алфа и Омега“ од м-р Славица Урмова – Марковска
Денеска во ЈОУ Библиотека „Искра“ се одржа промоција на поетската збирка „Алфа и Омега“ од авторката м-р Славица Урмова – Марковска. Со оваа промоција се одбележа 21 март, Светскиот ден на поезијата.
Се работи за дело во кое се поместени повеќе циклуси песни, работени во период од 10 години. За оваа поетска збирка авторката има добиено наградата „Бели Мугри“за 2021 година што ја доделува доделува Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје.