Пролетен лов на диви свињи

ЛОВНИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА ВЕЌЕ ДВА ВИКЕНДА ОРГАНИЗИРААТ ЛОВ НА ДИВИ СВИЊИ, ЗАРАДИ НАМАЛУВАЊЕ НА ПОПУЛАЦИЈАТА А ПОРАДИ ПОЈАВАТА НА АФРИКАНСКАТА ЧУМА. ПО ЧЕТИРИ ЛОВНИ ДЕНА И ОДСТРЕЛАН ОДРЕДЕН БРОЈ ПРИМЕРОЦИ, СЕУШТЕ НЕМА ИНФОРМАЦИЈА ВО ЈАВНОСТА ДАЛИ СЕ КОНТРОЛИРА ДИВЕЧОТ И ДАЛИ БОЛЕСТА СЕ ПРОШИРИЛА И ВО ОВДЕШНИТЕ ЛОВИШТА.

Наредниот викенд трета недела по ред ловците во источниот дел на државата повторно ќе излезат во ловиштата да ловат диви свињи, како дел од мерката за одстрел на овој дивеч поради појавата на африканската чума. Шумското стопанство „Осогово“ кое е концесионер на ловните терени во ридско-планинските предели, деновиве им издадоа дневни дозволи на своите членови, што значи дека ловот функционира.

Истовремено, од ловните здруженија во делчевско и каменичко, информираат дека од контролирани мостри месо од одстрелани диви свињи, е откриено присуство на заразната болест. Бидејќи се работи за дивеч, се стравува од брзо ширење на африканската чума, која може да ја истребисвињата од планинските терени во државава. Интензивниот одстрел би требало да придонесе за намалено ширење на заразата, меѓутоа помеѓу ловците постои дилема дали беше подобро ловната сезона да не се прекинува во јануари и февруари, наспроти тоа што сега се случува, кога разможувањето е во поддмината фаза.

Не е за занемарување ниту фактот декапомал ќе биде бројот на ловците што ќе излезат на терен, поради започнувањето на земјоделската производствена сезона.

Сподели: